ВИДЕО: Ван Перси донесе победа за Феенорд со СТРАШЕН ПОГОДОК од слободен удар

Поранешниот голгетер на Арсенал и Манчестер Јунајтед, Робин Ван Перси, постигна прекрасен погодок со кој обезбеди победа за Феенорд на дуелот со Витесе.

35-годишниот ветеран ја спаси екипата со мала мајсторија од слободен удар и предизвика делириум меѓу домашните навивачи.

Одличната завршница Холанѓанецот ја расипа со црвениот картон во последните моменти од мечот.