Ван Нистелрој поднесе оставка, играч на ПСВ се заклучи во автомобилот и направи драма

Поранешниот холандски репрезентативец Руд ван Нистелрој одлучи да поднесе оставка од функцијата тренер на ПСВ Ајндховен, соопшти од клубот. ПСВ го освои Купот на Холандија и со натпревар помалку е втор во првенството. Заминувањето на тренерот предизвика поделби во соблекувалната. „ESPN“ пишува дека заминувањето на Ван Нистелрој најмногу влијаело на Ибрахим Сангаре.

Играчот од средниот ред на ПСВ откако ја дознал веста побегнал од соблекувалната и се заклучил во својот автомобил. Во драматична ситуација неговите соиграчи го молеа да се врати во соблекувалната, што на крајот и го направи. 

„Беше бесен поради заминувањето на Ван Нистелрој. За сè ќе разговара со соиграчите“, се вели во текстот.

Исто така, Чави Симонс збеснал кога „Де Телеграф“ го спомна како еден од играчите кои се пожалија на управата на клубот за сега веќе поранешниот тренер. 

До крајот на холандскиот шампионат има уште едно коло. Во дербито против АЗ Алкмар, ПСВ Ајндховен ќе го предводи Фред Рутен.