• Зоран Мишевски

Поранешниот играч на Борусија Дортмунд, Белгиецот Торган Азар до крајот на сезоната ќе игра како позајмен фудбалер во ПСВ Ајндховен, соопшти вечерва клубот од Холандија. 29-годишниот Азар играше за Белгија на неодамнешното Светско првенство во Катар.
„ПСВ е прекрасен клуб, кој се бори за трофеи во сите натпреварувања. Се бори за трофеи во првенството, Купот на Холандија и Лига Европа. Навистина се радувам на големи натпревари за овој клуб“, изјави Торган Азар.
Креативецот за Борусија Дортмунд постигна 12 гола на 86 натпревари. Тој е помлад брат на напаѓачот на Реал Мадрид, Еден Азар.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.