• Горан Упале
Руд ван Нистелрој дебитираше со импресивна победа на клупата на Манчестер Јунајтед, а дозна и до кога ќе остане како привремен тренер на „црвените ѓаволи“. Јунајтед под водство на в.д менаџерот го совлада тимот на Лестер Сити со 5-2, во осминафиналето од англискиот Лига куп.
По натпреварот, 48-годишниот Холанѓанец, своевремено и најдобар стрелец на Јунајтед, дозна колку долго ќе седи на клупата на тимот од „Олд Трафорд“.
Нов менаџер сигурно ќе биде Португалецот Рубен Аморим, но тој ги известил клупските челници дека нема веднаш да го напушти Спортинг Лисабон и со тоа Ван Нистелрој ќе остане на тренерската функција подолго од планираното.
Имено, Аморим даде збор дека ќе стане нов тренер на Јунајтед на 10 ноември, кога почнува репрезентативната пауза, што значи дека Ван Нистелрој ќе го води тимот во следните три натпревари против Челзи, ПАОК и уште еднаш против Лестер.
