Ван Марвијк: Франција не знаеше што да прави со топката, заслуживме бод!

Ја сметаа за тотален аутсајдер во групата Ц, но Австралија ги освои симпатиите по првиот натпревар на Светското првенство во Русија. „Кенгурите“ несреќно останаа со празни раце против фаворизираната Франција, која со головите на Гризман и Погба стигна до тешка и незаслужена победа од 2-1. 

Стратегот на Австралија, Берт ван Марвијк, кој на клупата е само неколку месеци, по мечот истакна дека е горд на своите момци, но и разочаран што одличната игра не резултираше со заслужен бод. 

„Горд сум и разочаран. Мислам дека одигравме фантастичен меч и не можам да обвинам ниту еден мој фудбалер за овој пораз. Можам само да ги пофалам за одличната игра и големата борбеност. Имаше моменти кога Франција не знаеше што да прави со топката, па затоа мислам дека заслуживме бод од овој дуел“, вели холандкиот стратег. 

Во второто коло Австралија ќе се соочи со Данска, додека Франција втора победа ќе брка против Перу

СП, Група Ц
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ФранцијаФранција 3 2 1 0 3:1 2 7
2 ДанскаДанска 3 1 2 0 2:1 1 5
3 ПеруПеру 1 3 1 0 2 2:2 0 3
4 АвстралијаАвстралија 1 3 0 1 2 2:5 -3 1