• Зоран Мишевски

Селекторот на холандската фудбалска репрезентација Луј ван Гал руши рекорди по враќањето на селекторската функција на трикратните светски вицешампиони. Победат против Катар со 2-0 го потврди првото место во групата и подоцна се испостави дека го избегна и англискиот национален тим во осминафиналето.
Еден од највозрасните селектори на Мундијалот по натпреварот рече:
„Во суштина, сè што требаше да направиме, направивме добро. Секогаш може да биде подобро, но постигнавме два добри гола, што е убаво да се види. Единствената маана е што бевме премногу внимателни во поседот. Понекогаш е тешко да се носи дресот на холандската репрезентација. Тоа го видов кај некои играчи“, изјави Ван Гал на прес-конференцијата.
Селекторот го пофали Депај, кој почна од првата минута, откако долго време ја лечеше повредата оваа есен.
„Ми се допадна добриот настап на Мемфис. Учествуваше и во двата гола. Тој мора да игра добро ако сакаме да станеме светски шампиони. Тоа добро ниво го видовме во денешните 65 минути“, изјави Ван Гал.
Во осминафиналето од групата А се пласир, и Сенегал. со победа против Еквадор со 2-1.