Ван Гал: Мурињо наместо мене? Не верувам!

Пред неколку денови се појави вест дека португалскиот менаџер Жозе Мурињо разговарал со челниците на Манчестер Јунајтед и дека по завршување на сезоната ќе дојде на местото на Луј Ван Гал. 

Манчестер Јунајтед оваа сезона не бележи резултати какви што очекуваат челниците на тимот и фановите, па често се шпекулира за промени на клупата во тимот. За многу странски медиуми, Ван Гал е веќе бивш тренер на Манчестер. Но таквото мислење воопшто не допира до холандскиот менаџер.

„Не верувам дека Мурињо разговарал со челниците на клубот. Не верувам дека тоа е вистина, бидејќи знам што се случува во Манчестер последните неколку месеци“, изјави Ван Гал.

Манчестер Јунајтед моментално се наоѓа на петтото место на табелата од Премиер лигата со дури 13 бода помалку од лидерот Лестер.