„Ван Гал ме удри во стомакот на првата средба...“

Гигс

Рајан Гигс е жива легенда на Манчестер Јунајтед, кој своевремено беше асистент на Луј Ван Гал. Сегашниот селектор на Велс работеше покрај Холанѓанецот во 2014 година, кој го наследи Дејвид Мојс.

Поранешниот фудбалер на „црвените ѓаволи“ ја раскажа бизарната ситуација при првата средба со својот соработник на тренерската клупа.

„Првиот пат кога го сретнав ме удри со тупаница во стомакот. Отидов да го пречекам, добивме список на играчи што мислам дека беа добри и оние кои не беа толку добри. Отидов да го пречекам во хотелот, тој ја отвори вратата, ме погледна надолу и ми рече "сè уште си во добра форма!", а потоа ме удри со тупаница во стомакот“, раскажа Гигс.

Жозе Мурињо го замени Ван Гал на „Олд Трафорд“ и одлучи да не го задржи велшкиот интернационалец во стручниот штаб.