Ван Гал: Газдата на Тотенхем ја напушти мојата куќа во багажникот од автомобилот

Луј Ван Гал зад себе остави кариера на која им завидува секој тренер, но неговото пензионирање беше неславно. Во 2014 година ја водеше својата Холандија до третото место на Светското првенство во Бразил, а по неговото заминување од селекторското столче на „лалињата“ се реши да се испроба во Премиер лигата. 

Искусниот стратег беше мета на неколку премиерлигаши, а меѓу нив беше и Тотенхем. Во својата последна изјава тој открива интересен детаљ од неговиот состанок со првиот човек на „спарси“, Даниел Леви.

„Леви дојде кај мене дома да разговараме за евентуален премин во Тотенхем, а кога заврши нашиот состанок тој влезе во багажникот од автомобилот, затоа што надвор имаше голем број новинари“, вели Ван Гал. 

Сепак, преговорите меѓу Ван Гал и Леви не вродија со плод и искусниот стратег се реши кариерата да ја продолжи во Манчестер Јунајтед, каде по нецели две сезони заработи отказ.