• Горан Упале
Поранешниот играч за врска на Реал Мадрид, Рафаел ван дер Варт уште еднаш нападна играч на „кралевите“ за неговиот настап против Арсенал во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Актуелниот освојувач на Лигата на шампионите беше немоќен против разиграниот тим од Лондон и со вкупни 1-5 ги заврши настапите во елитата.
На „Зиго Спорт“, Ван дер Варт и неговиот сонародник Тео Јансен разговараа за инцидент во кој Антонио Рудигер, според нивното мислење, намерно го згази играчот на Арсенал, Луис-Скели. Ван дер Варт беше особено остар.
„Што се однесува до Рудигер, сите мислиме дека тоа го направи намерно. Тој играше во Штутгарт кога бев во Германија. Ме удри во стомакот и веднаш доби црвен картон... Да, знаете, тој е малку идиот“, рече Ван дер Варт.
Инаку, Рудигер за оваа ситуација мина неказнето од судијата Франсоа Летексие и тоа крена прашина.