Ван дер Варт најави фудбалска пензија следното лето

Холандскиот интернационалец и поранешен член на Реал Мадрид, Рафаел ван дер Варт најави дека следното лето ќе стави крај на својата богата кариерата.

Веќе втора сезона Ван дер Варт го носи дресот на данскиот Есбјерг, каде што настапува и неговата девојка, ракометарката Eстевана Полман. 

„Ќе играм уште уште сезонава и ќе се пензионирам. Нешто ми вели дека ова е моја последна сезона, иако телото уште ме служи“, рече 35-годишниот фудбалер.

Рафаел Ван дер Варт го носеше дресот на Ајакс, Хамбургер, Реал Мадрид, Тотенхем, Бетис, Мидтјиланд и Есбјерг. За холандската репрезентација настапи 109 пати и постигна 25 гола.