Ван дер Сар во одбрана на Клоп: Ова не е повеќе фудбал, ВАР-технологијата замина во друг правец

Легендарниот голман на Манчестер Јунајтед и сегашен директор во Ајакс, Едвин ван дер Сар застана на страната на Јирген Клоп, по вчерашната спорна ситуација од дербито меѓу Ливерпул и Евертон. 

Во самата завршница од „Мерсисајд“ дербито Хендерсон го совлада Пикфорд, но шампионот остана без победа на „Гудисон“, затоа што ВАР-технологијата го поништи голот, поради милиметарски офсајд во кој се наоѓаше асистентот Мане.

„Ова не е повеќе фудбал – одлуките да ги донесува компјутерска програма. ВАР-технологијата треба да се користи за да се отстранат грешките и да се докаже дека е офсајд кога ситуацијата е јасна, а судијата направил грешка. Ова не е поентата на воведувањето на видео-судиите“, рече Ван дер Сар.

По вчерашното дерби менаџерот на Ливерпул испрати јасна порака до имплементацијата на ВАР-технологијата, сметајќи дека немаше офсајд при клучниот момент од натпреварот. 

<<< ПОВРЗАНО - Клоп: Видов слика, офсајд не постоеше – има ли некој да ми го објасни тоа подобро?