ВИДЕО: Ван Дер Сар „полуде“ по водечкиот гол на Ајакс кај Херенвен

Легендата на холандскиот фудбал Едвин Ван Дер Сар цели девет години го носеше дресот на тимот на Ајакс, со кој освои сè што можеше да се освои, па затоа разбирлива е неговата реакција по постигнувањето на првиот гол на Ајакс на гостувањето кај Херенвен. 

Пензионираниот голман моментално работи како маркетинг директор во својот поранешен клуб, а дуелот во Херенвен одлучи да го гледа заедно со големиот број на фанови кои допатуваа на ова гостување. Во видеото што следува можете да видете како големиот Ван Дер Сар го прослави водечкиот гол на Аркадиуш Милик заедно со најверните фанови на тимот од Амстердам

Дуелот заврши со победа на момците на Де Бур од 0-2, со што Ајакс повторно се врати на првата позиција на табелата со идентичен број на бодови (78) како и второпласираниот ПСВ Ајндховен