Ван Дајк: Судијата немаше контрола, за Евертон ова беше како Куп-финале

Евертон и Ливерпул синоќа одиграа без победник на „Гудисон“ (2-2), откако Џејмс Тарковски израмни во осмата минута од судиското надополнување. Дукуре бодот против лутиот ривал го прослави пред навивачите на Ливерпул, што го налути играчот на Ливерпул, Кертис Џонс, кој го турна, по што се приклучија и други играчи.

Капитенот на „црвените“ Вирџил Ван Дајк даде свој коментар за конечниот резултат и тепачката поради која беа доделени четири црвени картони.

„Видовме како го прославија голот, имаат право на тоа. Мислам дека Абдулај Дукуре сакаше да ги испровоцира нашите фанови, го видов тоа, а Кертис Џонс мислеше дека тоа не е во ред“,  рече Ван Дајк.

Искусниот стопер на лидерот беше незадоволен од арбитражата.

„Мислам дека судијата не ја контролираше средбата. Двата тима мораа да се справат со тоа. За нив ова беше како финале во Куп. Мислам дека судијата имаше големо влијание на теренот, во смисла дека некои дуели се санкционираа со фаули, додека слични не", додаде Ван Дијк.

Дукур и Џонс добија по втор жолт картон и беа исклучени, а судијата Мајкл Оливер ги исклучи тренерот на Ливерпул Арне Слот и неговиот помошник Сипке Хулхоф поради нивните приговори.

Состави

Дејвид Мојс

4-2-3-1

    Арне Слот

    4-2-3-1