Ван Дајк се извини на фановите: Ова е неприфатливо, целосно потфрливме!

Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, им се извини на навивачите по убедливиот пораз од Манчестер Сити во ФА Купот (4-0), признавајќи дека тимот не го покажал потребното ниво на игра.

Ливерпул претрпе тежок пораз од „граѓаните“, а холандскиот дефанзивец отворено зборуваше за разочарувањето по натпреварот.

„Навивачите беа тука да нè поддржат и можам само да им се извинам за тоа што го покажавме, особено во второто полувреме. Целосно потфрливме во многу сегменти, тоа е нешто на кое мораме сериозно да работиме. Ваквите изданија се недозволиви“, изјави Ван Дајк. 

Капитенот додаде дека сезоната е исклучително тешка и дека резултатите не се на нивото што го очекуваат ниту играчите, ниту навивачите. Тој потенцираше дека одговорноста е кај фудбалерите и дека мора да покажат реакција во продолжението од сезоната.

Ливерпул сега ќе се обиде да се консолидира и да ја подобри формата, со цел да им возврати на навивачите со подобри изданија во наредните натпревари.