Ван Дајк: Првиот трофеј како капитен на Ливерпул им го посветувам на фановите

Капитенот на Ливерпул и стрелец на победоносниот гол во Карабао Купот, Вирџил Ван Дајк, изрази огромно задоволство од изданието на тимот и ги пофали своите соиграчи за пожрвтуваноста во тешкиот натпревар против Челзи

Холанѓанецот постигна два гола, од кои едниот беше поништен од ВАР-собата, но погодокот во 118. минута од продолжението беше клучен за победата и донесе нов Куп-трофеј во витрините на шесткратниот европски првак. 

„Овој трофеј навистина многу ми значи. Водевме тешка битка на „Вембли“, а Челзи се покажа како сериозен и тежок ривал. И тие имаа свои шанси, но ние покажавме карактер и одлично се вклопивме на теренот како екипа.

Ова за мене е прв трофеј како капитен на Ливерпул и го посветувам на сите наши навивачи“, изјави Ван Дајк. 

Ливерпул го совлада Челзи со минимални 1-0 и стигна до петтиот трофеј во Карабао Купот. „Црвените“ на Јирген Клоп сѐ уште се лидери и во Премиер лигата, каде имаат еден бод повеќе од Манчестер Сити и два повеќе од Арсенал