• Горан Упале
Екипата на Ливерпул продолжува според планот во Премиер лигата. Момците на Јирген Клоп вечерва го најдоа рецептот и за Шефилд Јунајтед и со 0-2 (0-2) го впишаа десеттиот триумф оваа сезона во елитата.
- Шефилд Јунајтед - Ливерпул 0-2:
На „Брамал Лејн“ домашните фанови му приредија феноменално враќање на менаџерот Крис Вајлдер, но одличната атмосфера во градот на челикот ја расипаа Вирџил ван Дајк и Собослаи. Холандскиот стопер беше стрелецот на првиот погодок на натпреварот, откако во 37. минута на додавање на Трент Александер-Арнолд ја затресе домашната мрежа. Трите бода ги потврди Собослаи со гол во судиското надополнување.
- Кристал Палас - Борнмут 0-2:
Фудбалерите на Борнмут продолжуваат со позитивните резултати во овој дел од шампионатот во Премиер лигата и веќе четири гола се без пораз, со скор од три победи и едно реми. Последниот триумф го впишаа вечерва, совладувајќи го Кристал Палас на гости со 0-2.
- Фулам - Нотингем Форест 5-0:
Од вечерашната програма во Премиер најубедлив беше тимот на Фулам, кој пред својата публика со головите на Ивоби (2), Хименез (2) и Керни го совлада Нотингем Форест со 5-0.