• Сашо Поповски

Манчестер Сити и Ливерпул се големи ривали во Премиер лигата. Во изминатите неколку сезони тие две екипи се при самиот врв на табелата и постојано водат битка за големите трофеи.
Нивното ривалство е ставено на страна за време на летниот период. Доказ за тоа е следното видео на кое Вирџил Ван Дајк и Кевин Де Брујне се забавуваат на Ибица. Тие двајца се големи пријатели надвор од теренот, па не пропуштија прилика да поминат дел од летниот одмор заедно.
Kevin De Bruyne and Liverpool’s Virgil Van Dijk living it up in Ibiza last night!
[via @JamesM1098]pic.twitter.com/sV0Um6Wj6D
— City Xtra (@City_Xtra) July 2, 2022
Фудбалерите ги користат последните слободни денови, пред да се вратат на тренинзите, во пресрет на новата напорна сезона во англискиот шампионат.