Ван Дајк го исмеа Роналдо: Зарем и Кристијано беше во конкуренција за „Златната топка“?“

Лионел Меси по шести пат во својата кариера ја доби престижната награда „Златна топка“ за најдобар фудбалер на годината, која традиционално ја доделува „Франс Фудбал“.

<<< ПОВРЗАНО - Рекордна ШЕСТА „Златна топка“ за Лионел Меси!

Аргентинскиот ас триумфираше во конкуренција на Кристијано Роналдо и Вирџил Ван Дајк, но вечерва пред себе имаше само еден противник и тоа ѕвездата на Ливерпул. Кристијано Роналдо откако дозна дека нема да ја освои оваа награда се реши да не отпатува на церемонијата во Париз, а Ван Дајк не остана имун на овој потег на Португалецот. 

„Зарем и Роналдо беше во конкуренција за најдобар на годината?“, рече членот на Ливерпул. 

Со вечерашната награда Меси стана рекорден со шест „Златни топки“ во своите витрини, една повеќе од големиот ривал Роналдо.