Ван Дајк доби дислоциран прст, но сепак го доигра дуелот со Норвешка

Стоперот на Ливерпул и Холандија, Вирџил Ван Дајк заработи незгодна повреда во вчерашната пресметка на „лалињата“ со Норвешка. 

Дефанзивецот се здоби со изместување на прст на левата рака, по еден непријатен дуел на стартот на второто полувреме. Иако повредата можеше да му предизвика проблеми, лекарскиот тим и селекторот му помогнаа на Ван Дајк. 

Откако прстот на стоперот беше вратен на место, а раката му беше и обвиткана за помали движења, Ван Дајк се врати на теренот. Тој го доигра натпреварот, па засега нејасно е дали ќе има проблем и ќе мора да добие дополнителен третман во наредните денови.