Ван Бронкхорст: Спремни сме, финалето е убаво само кога ќе победиш!

Глазгов Ренџерс и Ајнтрахт Франкфурт ќе го одиграат првото големо европско финале оваа сезона. Во Севиља, германскиот и шкотскиот прволигаш ќе се борат за трофејот во Лигата на Европа, а според стратегот на тимот од Глазгов, Џовани Ван Бронкхорст, фаворит на „Санчес Писхуан“ нема.

„Освоив пет титули за четири години во Феенорд, но ова е поинаку. Сега сум на чело на клуб за кој играв три години во 90-тите и горд сум што ги одведов момците во финалето. Имаме огромна можност да освоиме европски трофеј. Имавме неверојатна серија и ќе биде неверојатно финале. Но, финалето е убаво само кога ќе победиш. Расположението во тимот е многу добро и многу сме возбудени што ќе играме во ова финале. Подготвени сме за овој меч. Фаворити нема, бидејќи на терен ќе бидеме единаесет на единаесет“, рече холандскиот стратег.

Натпреварот, кој покрај пехарот носи и учество во Лигата на шампионите следната сезона, започнува од 21:00 часот.