Ван Бомел седнува на клупата на бундеслигаш кој ќе игра во ЛШ

Холандската фудбалска легенда Марко ван Бомел е пред голем предизвик во кариерата затоа што ќе ја води екипата на Волфсбург.

Откако Оливер Гласнер обезбеди пласман во Лигата на шампионите, си замина од клупата на „волците“, а изборот падна на 44-годишниот Холанѓанец кој потпиша договор со клубот до 2023 година.

Ван Бомел во минатото работеше само како тренер во ПСВ, во периодот од 2018 до 2019 година, а како играч има далеку побогата биографија со настапи за големи европски клубови.