Ван Бомел испиша нова историја - стана најдобриот тренер-дебитант во холандскиот фудбал

Марк Ван Бомел пред почетокот на сезоната го презеде тимот на ПСВ Ајндховен од Филип Коку, а и веднаш ги покажа своите тренерски квалитети.

Синоќа со триумфот против Де Графшап на гостински терен, ПСВ ја запиша 12-та победа по ред во Ередивизие, со што Ван Бомел испиша нова историја и стана најдобар тренер-дебитант.

Тимот под водство на поранешниот играч на ПСВ Ајндховен, Барселона и Милан функционира одлично, а за тоа говори и импресвната гол-разлика од 43-5.