Ван Бастен за Вернер: Јас бев 18 пати подобар од него, тој не е напаѓач за голем клуб

Марко ван Бастен, еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња, не е многу импресиониран од квалитетите на на германскиот напаѓач Тимо Вернер.

Вернер од Лајпциг се пресели во Челзи како големо засилување, но засега на „Стемфорд Бриџ“ не се прослави и најчесто е исмејуван за претежно неверојатните промашувања. Тој беше и мета на критики, како од англиската така и од германската јавност, токму заради неговата реализација.

„Мислам дури и дека е скромно, но јас бев барем 18 пати подобар од него. Тој не може да биде голгетер од светска класа, односно не треба да игра за така голем клуб“, рече Ван Бастен.

Вернер во својата прва сезона на „Стемфорд Бриџ“ постигна дванаесет гола во сите натпреварувања, од кои само шест во Премиер лигата.