• Горан Упале
Легендарниот Марко ван Бастен ги нарече идиотски потезите на Ерик Тен Хег на клупата на Манчестер Јунајтед. Славниот Холанѓанец не може да поверува дека Мануел Угарте бил платен 50 милиони евра.
Ерик Тен Хег повторно е под голем притисок во Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ влегоа катастрофално во оваа сезона и навивачите веќе бараат заминување на холандскиот стручњак. Ниту неговите сонародници не можат да поверуваат што прави Тен Хег во Јунајтед. Легендарниот Марко ван Бастен неговите потези во врска со трансфер-пазарот ги нарече идиотски.
„Го видов тој нов играч Угарте, кој беше платен педесет милиони евра. Се шеташе по терен. Се прашувам како е можно ова? Идиотскиот потег на Тен Хег е одлуката да инвестира во играч кој нема појма", изјави јавно Ван Бастен.
Тој тврди дека Манчестер Јунајтед е можеби единствениот голем клуб кој нема врвен играч во своите редови.
„Кажете ми барем еден врвен играч во Манчестер Јунајтед? Секој голем клуб има барем еден, но не и во Јунајтед. Рашфорд е исклучително лош. Бруно Фернандез е добар играч, Онана е добар голман и тоа е тоа“, додаде легендарниот напаѓач.
Холанѓанецот Тен Хаг влезе во третата сезона од договорот со Јунајтед. Го освои ФА Купот и Лига Купот како менаџер на „црвените ѓаволи“.