Валверде призна: Барселона преговара со Антоан Гризман

Ернесто Валверде, тренерот на Барселона, призна дека шпанскиот шампион веќе започна преговори со напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, но повеќе детали ќе бидат откриени по финалето на Купот на Кралот.

Пред една седмица францускиот ас ги изненади фановите на „јорганџиите“ и по само една година од продолжувањето на договорот, се реши да го напушти клубот, а најверојатно негова нова станица ќе биде токму Барселона.

„Да, вистина е дека преговори има. Сепак, сезоната за нас не е завршена, играме во финалето на Купот на Кралот и мораме да бидеме фокусирани на тој меч. Кога ќе заврши финалето ќе имаме повеќе време да разговараме на други теми“, рече искусниот шпански стратег. 

Финалето на Купот на Кралот, Барса го игра на 26 мај во Севиља, а за противник го има тимот на Валенсија.