Валверде: Очекувам големи работи од Антоан Гризман

Во петокот неговиот трансфер беше официјализиран, а во неделата Антоан Гризман беше претставен како нов член на Барелона. Тренерот на шпанскиот шампион Ернесто Валверде не го криеше задоволството што конечно го реализира трансферот на Гризман.

Тој очекува големи работи од 28-годишниот напаѓач кој за 120 милиони евра од Атлетико се пресели во Барселона.

„Антоан е млад играч со големо искуство. Очекуваме многу од него. Може да ни донесе многу корисни работи на теренот. Способен е да пронајде слободни зони на теренот во дел од секундата и да донесе предност за својот тим“, смета Валверде.

Веќе пет дена Гризман тренира со новите соиграчи, но Јужноамериканците Артур, Видал, Суарез, Меси се на одмор по настапите на Копа Америка и ќе се приклучат за десетина дена.