Валверде: Не е нормално ова што го прави Ансу Фати!

Повеќе не е само изненадување - 16-годишниот Ансу Фати од ден на ден повеќе ја освојува јавноста и приврзаниците на Барселона. Еден од оние кој е одушевен од неговиот талент и посветеност е тренерот Ернесто Валверде. По победата од 5-2 против Валенсија, во која младиот напаѓач вгради еден гол и една асистенција, баскискиот тренер рече:

„Никому не му е лесно да игра за Барселона, а посебно не на младо момче како Ансу Фати. Не е нормално тоа што го направи. Прво сакаме да се запознае себеси, да сфати колку ова е комплицирано тоа што го прави. Сите тренери сакаат младите играчи да добијат шанса и да пружаат енергија, која ќе можат да ја искористат“.

Ансу Фати е пријавен на младинската листа за Лигата на шампионите и може да дебитира уште во вторник против Борусија Дортмунд.

  • Голот на Ансу Фати против Валенсија: 

  • Асистенцијата на Ансу Фати за голот на Френки де Јонг: