ВИДЕО: Валверде можеше да го матира Столе, но топката заврши на балконот на „соседите“

Екипата на Реал Мадрид го забележа првиот пораз во новата сезона во Примера. „Скалпот“ на бранителот на титулата му го зеде тимот на Рајо Ваљекано, предводен од македонскиот чувар на мрежата, Столе Димитриевски.

„Кралевите“ загубија со 3-2, а во самиот финиш Валверде имаше шанса да го матира нашиот голман и да погоди за реми, но неговиот удар беше многу непрецизен и топката заврши на балконот на „соседите“.

Реал Мадрид две кола е без победа, а во следната рунда ќе му биде домаќин на Кадиз. Рајо е осми, во серија е од три победи и пет кола е без неуспех. Следен дуел му е со Селта Виго пред својата публика.