ВИДЕО: Валверде го покоси Мората, доби црвен, па стана МВП на Суперкупот

Федерико Валверде, фудбалерот кој ги брани боите на Реал Мадрид, доби директен црвен картон во финалето на Суперкупот поради старт врз Мората и спаси чист гол, а по дуелот со Атлетико Мадрид доби награда од организаторот.

Валверде беше исклучен во второто продолжение на дуелот во Саудиска Арабија затоа што го покоси Алваро Мората од зад грб и тоа со намера, за да спаси чист гол. Судиската одлука беше очекувана, а по финалето во кое „кралевите“ победија на пенали се закити со признание.

Уругавецот е прогласен за МВП на Суперкупот кој првпат во историјата се одржува со четири екипи. Покрај Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, дел од настанот кој се играше надвор од границите на Шпанија учествуваа Барселона и Валенсија.