Валверде: „Гладни“ сме за овој трофеј, ќе биде малку чудно без Крос

Ако има некое натпреварување во кое Реал Мадрид секогаш не победува, тоа е Суперкупот на Европа. Во последните триесет години мадридскиот клуб памети горки порази во ова натпреварување од Атлетико Мадрид, Галатасарај, Челзи...

Тимот на Карло Анчелоти ја има фаворитската улога прогив Аталанта, но искусниот стручњак и неговите фудбалери нема да го потценат италијанскиот тим. Федерико Валверде има само позитивно импресии од подготовките и новиот Реал. 

„Кондициониот тренер Пинтус имаше тешка задача да подготви програма за сите нас дури и за време на одморот. Спремен сум да го преземам местото и бројот на Тони Крос. Тој многу ми помогна кога дојдоа во Мадрид и многу значи за мене и за моето семејство. Малку е чудно што ја почнуваме сезоната без него.

„Гладни“ сме за овој трофеј, но и за продолжување на прогресот на подготовки за новата сезона. Прекрасно е што имаме шанса да ја почнеме новата сезона со трофеј“. рече Уругваецот. 

Реал има супер-позитивен биланс против италијанските клубови во евро-куповите и одамна не загубил финале или европски двомеч. Последен тим кој го елиминирал Реал од калчолигашите е Јувентус пред осум години.