Валон Незири од Ренова е новата „единица“ на Гостивар

Екипата на Гостивар донесе нов голман и успеа да се договори со Валон Незири, кој пред неколку дена се раздели со Ренова.

27-годишниот чувар на мрежата една година беше меѓу „гипсарите“, но си замина во потрага по поголема минутажа. Се реши за Гостивар, клуб кој има амбиции за влез во Првата македонска фудбалска лига.

За него ова ќе биде втора авантура во Гостивар, ако се земе предвид дека во 2014 година бранеше за овој клуб. Претходно, Незири настапуваше и за Велазерими.

Гостивар во ВМФЛ-Запад се наоѓа на делба на второто место со Велешта. Двете екипи имаат по 30 бода. Лидер е Скопје со 37 освоени бода.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.