Ваљон Етеми го смени клубот и ќе игра за друг турски суперлигаш

Повремениот македонски репрезентативец, Ваљон Етеми, официјално ја продолжува својата кариера во турскиот прволигаш, Коњаспор

Крилниот играч пристигнува во новата средина како позајмен играч од Истанбулспор, со опција за откупување на договорот по истекот на актуелната сезона. Етеми e во Турција од 2021 година и досега одигра вкупно 95 натпревари, постигнувајќи 20 голови во сите конкуренции. 

За македонската репрезентација „собра“ четири настапи и повремено добива повик од селекторот Благоја Милевски. Ваљон Етеми ја започна кариерата во албанскиот Адриатику Мамурас, а беше дел и од екипата на Кукс. Во новиот клуб, напаѓачот ќе го носи дресот со бројот „72“. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.