Ваљадолид официјално е второлигаш, борбата за опстанок во Примера се разгорува

Екипата на Ваљадолид и официјално испадна од шпанската Примера после убедливиот пораз од Бетис и е прв тим од елитата кој се сели во понизок ранг. 

Ваљадолид досега освои само очајни 16 бодови и не можеше да се надева на поинаков епилог, а судбината си ја запечати на пет кола до крајот на првенството. Останатите два тима во опасната сезона се Леганес и Лас Палмас, но нивните шанси за опстанок се далеку поголеми затоа што имаат четири, односно два бода помалку од Алавес, кој е прв на сигурните позиции. 

Во непријатна ситуација е и Џирона на нашиот Бојан Миовски, која има еден бод повеќе од Алавес, па затоа ќе мора добро да се испоти за да го осигура учеството во Примера и следната сезона. 

Фото/Foto: Keystone