• Зоран Мишевски
Очекувана тренерска смена на клуб од шпанскиот шампионат го заврши викендов кој што е зад нас.
Пауло Пецолано повеќе не е тренер на фудбалерите на Ваљадолид, соопшти шпанскиот клуб. Челниците на Ваљадолид решиле да го отпуштат уругвајскиот тренер поради лошите резултати во Примера.
Ваљадолид во саботата на домашен терен беа прегазени од Атлетико Мадрид (0-5) во натпреварот од 15. коло и моментално е на последното место на табелата со само девет бодови.
Пецолано беше тренер на Ваљадолид од април 2023 година, на 71 натпревар забележа 28 победи, 15 нерешени исходи и 28 порази.