ВИДЕО: Валери со ПРОЕКТИЛ од 20 метри го шокира Де Хеа!

Фудбалерите на Саутемптон први дојдоа до водство на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед, со гол, кој сигурно ќе конкурира за еден од најубавите оваа сезона.

Оле Гунар Солскјер на денешниот натпревар против Саутемптон се соочуваше со големи потешкотии околу тимот, поради бројните повреди, а гостите со вистински проектил на Валери, од околу 25 метри поведоа со 0-1.

Погледнете го ударот за кој одговор немаше ниту семоќниот Давид де Хеа:

Сепак, во вториот дел работите дојдоа на своето место и со головите на Переира и Лукаку, „ѓаволите“ поведоа со 2-1.