Валери Божинов пак ќе тресе мрежи во бугарскиот фудбал

Бугарскиот ветеран Валери Божинов ја напушти Италија и кариерата ќе ја продолжи во татковината.

34-годишната некогашна ѕвезда на бугарскиот фудбал повторно ќе го носи дресот на Левски Софија. По една година во редовите на италијанска Пескара, тој реши да си замине со само три одиграни меча и ниеден гол.

Ова ќе биде 21. различен клуб за Божинов во кариерата. Тој играше уште и за Лече, Фиорентина, Јувентус, Манчестер Сити, Парма, Спортинг, Верона, Виченца, Тернана, Партизан, Лозана, Ријека, Ботев...

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.