• Зоран Мишевски

Првите два натпревари од третото коло на Примера донесоа нерешени резултати, а посебно паѓа в очи непостојаната форма на новата Валенсија на Хави Грасија. „Лилјаците“на домашен терен ремизираа со новиот прволигаш Хуеска, а се изнапромашија во вториот дел и жалат што не освоија полн плен.
Домашната екипа поведе со голот на Даниел Вас на седум минути до одморот. Израмнување и бод за тимот на Хуеска донесе Сиовас со убав гол во 68. минута. Иако завршија со многу напаѓачи пред голот на Фернандез, сепак домаќините не го најдоа патот до мрежата и втор погодок за три бода.
- Валенсија - Хуеска 1-1:
Без голови на „Мрендизороза“ играат Алавес и Хетафе, во дуелот кој се играше во 13:00 часот.
- Алавес - Хетафе 0-0:
Попладнево и вечерва се играат уште три натпревари од денешната програма од третото коло на шпанскиот фудбалски шампионат.