ВИДЕО: Валенсија стави крај на кризата и во клучен момент славеше над Ваљадолид

Фудбалерите на Валенсија конечно ставија крај на лошите резултати во Примера и на свој терен со убедливи 3-0 (1-0) го совладаа тимот на Ваљадолид, во рамките од 35. коло на шпанскиот шампионат.

  • Валенсија - Ваљадолид 3-0: 

„Лилјаците“, предводени од привремениот тренер Воро, кој на клупата на тимот седна по отказот на Грасија, иако не одиграа како што се очекува од нив, сепак запишаа „златна“ победа против директниот конкурент за опстанок во лигата. Резултатот на „Местаља“ го отвори Гомез со гол во судиското надополнување од првиот дел, додека само што започна вториот, истиот фудбалер повторно се најде на вистинско место и погоди за комотни 2-0. 

Ваљадолид по двата примени гола немаше друго опција освен да тргне со сите сили во напад, но тоа го чинеше нова капитулација на голманот Масип, за конечна победа на Валенсија од 3-0. Стрелец на последниот гол на натпреварот беше Кореира во 89. минута.

  • Хетафе - Еибар 0-1:

На првиот денешен натпревар од шпанска Примера, екипата на Еибар со голот на Рецио во самиот финиш извојува гостинска победа над Гранада (0-1) и остана во живот за опстанок во лигата.