ВИДЕО: Валенсија промаши пенал, Ваљадолид со бод си оди од „Местаља“

Екипата на Валенсија не успеа да победи во меч во кој беше голем фаворит и одигра само 1-1 (0-0) во дуелот со Ваљадолид во рамки на 19. коло во шпанска Примера.

„Лилјаците“ имаа шанса да победат, но не дојдоа до полн плен и ги разочараа 35.000 гледачи. По првиот дел без голови, Валенсија доби пенал, во 54. минута, но истиот не успеа да го реализира Родриго.

Во 71. минута Парехо го поправи пропуштеното и донесе предност за домашните, меѓутоа истата не траеше долго, затоа што во 82. минута Алкараз погоди за Ваљадолид и конечни 1-1.

Валенсија има само една победа во последните шест кола и се наоѓа на деветтото место во првенството, додека Ваљадолид е на 15. позиција и нема успех четири кола.