ВИДЕО: Валенсија откина бод од Атлетико во возбудливо дерби на „Местаља“

Возбудливо дерби се одигра на „Местаља“ на кое Валенсија и Атлетико Мадрид постигнаа по два гола и ги поделија бодовите (2-2). Првиот натпревар од 24. коло на Примера најави дека двете екипи се подготвени за Лигата на шампионите. Мората се врати по повредата, а „лилјаците“ ја одржаа непобедливоста на „Местаља“ оваа сезона.

  • Извештај од натпреварот: 

Гостите од престолнината на двапати имаа предност, но „лилјаците“ покажаа карактер и ја израдуваа публиката со бод. Овој резултат не донесе никаква промена на местата на табелата на двете екипи.

Младиот Маркос Љоренте доби шанса од првата минути и истата ја искористи за на среќен начин да постигне погодок за 0-1. Тој се најде на вистинското место и успеа да го совлада Доменеш. На спротивната страна Габриел постигна сличен гол за израмнување, откако топката се одби од него во мрежата, по силниот удар на Гомез.

Неколку минути подоцна радоста на трибините ја згасна Томас со разорен удар од далечина. Тоа беше резултатот со кој се замина на пауза, што го направи Диего Симеоне позадоволен од својот колега на спротивната страна.

Валенсија отвори со иницијатива во потрага по нов погодок. По една мешаница истиот пристигна во режија на Французинот Кондогбиа. Топката едвај се истркала во голот на „јорганџиите“, кои немаа среќа и одново се вратија на егал.

До крајот Мората и Томас беа најблиску до реализација, но до тоа не дојде, па мечот заврши со можеби праведно реми.