• Горан Упале
Фудбалерите на Валенсија извојуваа гостинска победа над Гранада (0-1), во заостанатиот натпревар во шпанска Примера.
По мирниот старт првата посериозна шанса дојде во 27. минута, кога позајмениот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пелистри се најде во одлична шанса, шутираше од шеснаесетникот, но голманот на Валенсија го одбрани ударот.
- Извештај од натпреварот:
Гранада беше многу поорганизирана и поагресивна во првото полувреме, упати седум удари кон голот на „лилјаците“, од кои три во рамката, но ниту еден во посакуваната цел. Следната одлична можност донесе и гол за Валенсија. Во 77. минута Алмеида од отпадок шутираше од работ на шеснаесетникот и донесе значајни три бода за својата екипа.
По овој натпревар Валенсија е седма на табелата со 44 бодови, додека Гранада е претпоследна со 19 бода.