ВИДЕО: Валенсија ја грабна Лигата на шампионите, Хетафе, Севиља и Еспањол ќе бидат дел од Лига Европа

Фудбалерите на Валенсија не ја пропуштија големата шанса и со победа во последното коло против Ваљадолид од 0-2 (0-1)  успеаја да го верифицираат својот пласман во Лигата на шампионите за наредната сезона.

  • Извештај од натпреварот:

Ваљадолид, кој минатото коло го обезбеди својот опстанок на денешниот натпревар и немаше некој поголем мотив, не беше достоен ривал, а тоа на крајот го искористија гостите. Водечкиот погодок за тимот на Валенсија го постигна Солер во 36. минута, а на стартот на вториот дел Родриго донесе комотни 0-2, а тој резултат на крајот се покажа и како конечен.

Хетафе, кој до пред две кола имаше историска шанса за пласман во Лигата на шампионите, во својот последен натпревар за оваа сезона на домашен терен ремизираше против Виљареал со 2-2 и наредната година ќе ја претставува Шпанија во групната фаза на Лига Европа. Домаќините двапати водеа со головите на Портиљо и Максимовиќ, но „жолтата подморница“ по погодокот на Морено во 87. минута стигна до реми исход.

Фудбалерите на Еспањол во директниот дуел за пласман во Лига Европа го совладаа Реал Сосиедад со 2-0 и наредната година ќе ја претставуват Шпанија во второто по ранг европско натпреварување. Победата за каталонскиот тим ја обезбедија Росалес и Ву Леи во вториот дел.

  • Извештај од натпреварот:

Во последниот натпревар од терминот од 16:15 часот, Севиља се избори да игра во Лига Европа, откако на домашен терен го совлада Атлетик Билбао со 2-0 и со тоа му направи услуга на Еспањол, во битката за пласман во најмасовното европско натпреварување. Стрелец на водечкиот погодок за Андалузијците беше Бен Једер до 44. минута, а конечните 2-0 ги постави Мунир Ел Хадади во 92. минута.

  • Извештај од натпреварот: