Валенсија експресно ја пронајде замената за избрканиот Марселињо

По само три одиграни кола во Примера, челните лица на Валенсија го повлекоа првиот потег и утрово му врачија отказно решение на Марселињо и покрај ланскиот успех и обезбедувањето место во Лигата на шампионите. 

Ваквата одлука на раководните лица на тимот од „Местаља“ ја изненади целокупната фудбалска јавност, а на замената на Марселињо не се чекаше долго. 

Како што се шпекулираше во текот на денешниот ден, нов предводник на Валенсија е Алберт Селадес, поранешен селектор на шпанската репрезентација до 21 година. 

Двете страни потпишаа договор на две сезони, а Селадес ќе дебитира уште овој викенд на дербито со Барселона на „Камп Ноу“.