ВИДЕО: Валенсија до бод на тешкото гостување кај Билбао

Атлетик Билбао и Валенсија се судрија во рамки на 22. коло од шпанска Примера и натпревар на „Сан Мамеш“ заврши без победник (1-1).

  • Извештај од натпреварот:

Овој резултат повеќе ѝ одговара на Валенсија, која доживеа целосен ремонт пред стартот на сезоната и ги загуби најдобрите фудбалери. „Лилјаците“ се спасија од пораз во 65. минута, кога Габриел реализира со глава.

Претходно, Атлетик Билбао ја имаше иницијативата, а до предност домашните дојдоа пред финишот на првото полувреме, кога во 43. минута автогол си постигна стоперот Гиљамон Санмартин.

Атлетик Билбао е на десеттото место во Шпанија, додека Валенсија е дванаесетта и до крајот мора да освојува уште бодови за да има сигурен опстанок.