• Иван Димовски


2023 година не започна добро за Реал Мадрид и неговите играчи. Бранителот на титулата одигра три натпревари во шпанската Примера и освои само четири бода од можни девет, податок кој го искористи главниот непријател и главен противник за шампионската титула, Барселона и со три последователни победи во истиот период се зацврсти на врвот на табелата со пет бода предност. Момците на Карло Анчелоти ќе имаат можност да се поправат во четврток од 21:00 часот кога на Сантијаго Бернабеу доаѓа ранетата Валенсија...
Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу Реал Мадрид и Валенсија
Ранета бидејќи од последниот ден од 2022 година до сега имаше три порази (Виљареал, Кадиз, Ваљадолид) , а единствениот бод го освои во дуелот со Алмерија. Офанзивно, тимот кој до неодамна го водеше Џенаро Гатузо целосно застанаа, а тоа ќе мора да го искористи Реал, особено поради фактот што кога се домаќини најчесто рутински ги решаваат работите против „лилјаците“.
Квоти за останатите натпревари во Примера
Валенсија го нема освоено Бернабеу од 2008 година, а мадридскиот гигант победи на шест од последните седум натпревари на домашен терен против ривалите од Местаља. Идеална можност за Карим Бензема, Винисиус Јуниор и пријателите да им се вратат на головите по разочарувачките 0-0 со Реал Сосиедад. Пресметките меѓу Реал и Валенсија секогаш носат голови, тоа го покажува просекот од три гола на последните пет првенствени натпревари.