• Горан Упале
Екипите на Ријека и Динамо во неделата го одиграа долгоочекуваното дерби во хрватскиот фудбалски шампионат, кое заврши без победник (2-2). По натпреварот во центарот на вниманието беше главниот судија Дарио Бел, бидејќи на полувремето камерата сними интересен детал од тунелот во „Рујевица“. Имено, на социјалните мрежи се појави видео од интересна сцена од тунелот пред почетокот на второто полувреме.
Играчите на двата тима беа во тунелот и се подготвуваа повторно да излезат на теренот, но судијата Бел и неговите помошници решија да ги спречат, а потоа им одржа јасно предавање на капитените на Ријека и Динамо за тоа што не треба да се случи повеќе. Некои играчи на Ријека и Динамо почнаа да се жалат на одредени ситуации од првото полувреме, но потоа Бел ги повика капитените да дојдат и го покажа својот авторитет.
„Лабровиќ и Адеми, дојдете тука.
Следниот збор кон противникот или кон мене ќе значи опомена. Играјте фудбал, убаво ви кажувам. Може ли да играте фудбал?“, запраша главниот судија.
@croatiagirl55 Jučer suđenje jako dobro odrađeno i fer po meni. #dinamo #dinamozagreb #dinamozg #rijeka #hnkrijeka #hnl #fyp #foryou #foryoupage #viral #viralvideo #viraltiktok original sound - PonosnaHrvatic
Ретко се случува судиите да имаат ваков настап пред камерите, но Бел реши да им покаже на фудбалерите кој е газда на теренот и дека тоа што го кажува мора да се почитува. Иако имаше по некое дофрлување од двата табора, на крајот играчите разбраа што им кажува главниот судија и тензиите се намалија, а Бел доби големи пофалби за сето она што го направи.
Инаку, за време на натпреварот хрватските медиуми пишуваа дека Бел бил многу пожесток кон македонскиот репрезентативец, дури и му викал, но снимката покажува дека тоа не било така и дека судијата најпрофесионално си ја заврши својата работа.