Ваквите фанови се ретки: Собори светски рекорд на колекција на дресови од еден клуб!

Навивач на Монако постави светски рекорд за најголема колекција на оригинални дресови од еден фудбалски клуб. Тој досега има собрано 1.146 дресови.

Навивачот Жулиен Бурон неодамна ја претстави својата колекција дресови на фудбалскиот клуб Монако, во која се вклучени и оние што ги носеле Килијан Мбапе, Тиери Анри, Мануел Амрос, Радамел Фалкао, Давид Трезеге и Делио Онис, најдобриот стрелец на клубот.

Монако денес соопшти дека официјален судски службеник присуствувал на изложбата и го потврдил бројот од 1.146 дресови, со што го соборил претходниот светски рекорд што го држел навивач на Ливерпул од Швајцарија.

Бурон, кој е од Бургундија, рече дека неговата страст кон клубот започнала пред 25 години, кога првпат присуствувал на натпревар помеѓу Монако и Оксер.

„Тоа беше годината кога Монако ја освои својата седма титула во француското првенство. Тој ден се заљубив, не во Оксер, туку во Монако. И оттогаш, не престанав да го следам клубот“, изјави навивачот за веб-страницата на клубот.

Тој ја започнал својата колекција кога поранешниот играч на Монако, Лукас Бернарди, му го подарил дресот што го носел во сезоната 2006/2007.

„Оттогаш, ме интересираат дресот што го носеле играчите на натпреварите. Денес, тоа е активност што одзема многу време. Секогаш барам ретки скапоцености, но веќе сум горд што го поседувам сето ова“, рече Бурон.

Најстариот дресот во колекцијата е од 1950-тите, носен од дефанзивецот Франсоа Лудо.