ВИДЕО: Вакви сцени се реткост во Англија, Фред „нападнат“ од фановите на Сити! 

Шампионот на Премиер лигата, Манчестер Сити загуби уште едно големо дерби оваа сезона и полека ја губи трката за нова одбрана на титулата во англиското првенство. 

По Ливерпул, со момците на Пеп Гвардиола си поигра и градскиот ривал Манчестер Јунајтед (1-2), а на натпреварот на „Итихад“ се случи ретко видена ситуација ширум терените во Англија, по која настрада гостинскиот фудбалер Фред

Во 68. минута Бразилецот не можеше да изведе удар од аголот, затоа што беше мета на фановите на Сити кои со секакви предмети фрлаа по него.

„Нападот“ на Фред од страна на фановите на Сити:

Фред, вечерва беше најомразената личност на „Итихад“ затоа што во финишот од првиот дел играше со рака во казнениот простор, но Тејлор со помош на ВАР не досуди пенал за Сити.