ВИДЕО: Вакви голови им фалат на фановите - перфектно лансирана „ракета“ на Фарски Острови

Ари Олсен

Фудбалот на Фарски Острови се врати одамна, односно првенството продолжи пред многу други лиги, откако беше одлучено дека нема закана од коронавирусот.

Нискиот квалитет на натпреварите не е причина понекогаш да се види по некој еврогол. Еден неверојатен погодок беше постигнат на мечот меѓу Викингур и Рунавик.

Домашниот тим славеше три бода токму со оваа феноменална завршница на Ари Олсен:

Викингур продолжи без пораз и се искачи на врвот на табелата со оваа минимална победа.